Сточарите и земјоделците најавуваат блокирање на државата со трактори доколку не ги добијат ветените субвенции

Доколку до четврток 25-ти декември не се исполнат барањата, сточарите најавуваат блокади на патишта за 26-ти декември и најавуваат исто сценарио како последните протести на земјоделците во Брисел

од Nikola Popovski
37 прегледи Фoто: Принтскрин/Јутјуб/Инфомакс

Дел од сточарите и земјоделците од целата држава денеска одржаа прес-конференција пред Владата поради сериозната состојба во македонското овчарство и неисплатените субвенции за 2024 година односно вели дека се доцни година и половина. Се обратија до надлежните дека сточарството и земјоделство се целосно на страна, посочувајќи дека нема исплатено плати, нема платено за органско производство и главната мерка за овчарите.

Oбвинуваат дека му се заканува уништување на овчарството и се жалат дека немаат работници.

-Ако нема субвенции до четврток, сите земјоделци и сточари ќе излезат со тракторите низ улиците на цела држава. Сме имале неколку средби со министерот (за земјоделство) и директорката на Платежната агенција, но, уште немаме субвенции, рече еден од претставниците на Сојуз на одгледувачи на овци.

Претставникот вели дека има пари и тоа се средства од Европската Унија.

Доколку до четврток 25-ти декември не се исполнат барањата, сточарите најавуваат блокади на патишта за 26-ти декември и најавуваат исто сценарио како последните протести на земјоделците во Брисел.