Министерот за економија, Бесар Дурмиши информира дека во моментов, во вакви економски услови, нема простор за интервентно зголемување на минималната плата пред редовното усогласување во март 2026 година кога граѓаните треба да добијат плус меѓу 1500 до 2000 денари. Тој додаде дека Владата никогаш не била против зголемување на минималецот, но тврди дека економските параметри не покажуваат дека треба да се интервенира директно, бидејќи вели деќа ќе се соочиме со инфлација, малите и средни претпријатија ќе се соочат со финансиски проблеми и намалување на бројот на вработени.
По економско-социјалниот совет во Владата, Дурмиши пред новинарите изјави дека нивните проекции се идната година, инфлацијата да биде под 3%.
-Мене ако ме прашувате лично, сакам платата да биде и 1000 евра и државата ќе има повеќе приходи, но ќе биде голем проблем. Во регионот стоиме добро со соседните држави – во Бугарија минималецот е под нашиот, во Албанија исто така и во Турција исто така. Не велам дека сме таму кај што сакаме, но сакаме оддржливо покачување на платите, рече министерот.