Почина пожарникар од Скопје додека бил на работното место

МВР информира за трагичен случај во скопската Противпожарна бригада

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Локално

На 25.12.2025 во 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во просторија на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пронајден е починат вработениот З.А.(57) од с.Мралино, општина Илинден.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираа од полицијата.

Од полицијата информираат дека обдукцијата ќе ги покаже причините за смртта.