Бистата на Вера Јоциќ украдена од паркот до Владата

Случајот бил пријавен во МВР во текот на вчерашниот ден

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Фејсбук/Nikola Pijanmanov

Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ во скопски Центар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.

Бистата, дело на нејзината сестра Вида Јоциќ, е поставена во почетокот на паркот на околу 150 метри од зградата на Владата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Бронзениот портрет е дело на сестрата на Вера, Вида Јоциќ. Ликот на Вера Јоциќ е главната инспирација за легендарните песни на Ацо Шопов  – „Очи“ и „Љубов“.

Слични содржини