Од граничните премини кон Грција отворен само „Дојран“

Возачите на товарни возила се предупредуваат да планираат соодветно и да користат алтернативни премини за време на затворањето

од Nikola Popovski
18 прегледи Фотo: Принтскрин/Јутјуб

Граничниот премин Ники- Меџитлија на македонско-грчката граница ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила денеска од 10:00 до 16:00 часот, информираат од АМСМ.

Возачите на товарни возила се предупредуваат да планираат соодветно и да користат алтернативни премини за време на затворањето.

Граничниот премин Евзони – Богородица, пак, денеска се соочува со целосен прекин на сообраќајот. Прекинот според најавите од грчките медиуми, ќе трае во два термини – од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време. Причина за блокадата се протести на грчките земјоделци.