Синоќа почувствуван земјотрес во Македонија

Земјотресот бил со јачина од 2,8 степени според Рихтер

од Nikola Popovski
13 прегледи

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.