Рускиот истражен комитет денес објави дека покренал кривична истрага за тероризам по наводниот напад на украинските вооружени сили врз Херсонскиот регион, во кој загинаа најмалку 24 лица, а најмалку 50 беа повредени.
Во соопштение објавено на Телеграм се вели дека главниот истражен оддел на Рускиот истражен комитет покренал кривична постапка под обвинение за терористички акт, објави Интерфакс.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес ги обвини „спонзорите на Киев за терористичкиот напад во Херсонскиот регион“.
Захарова изјави дека нападот на украинските сили врз хотел и кафуле во Херсонскиот регион е последица на „неонацистичка омраза“ и „дехуманизација“, објави РИА Новости.
„Ги обвинуваме сите што спонзорираат терористи во Украина за ова! Ги обвинуваме за убивање деца и уништување цивили! Ги обвинуваме за корупција на украинската државност, која се претвори во машина за убивање! Ги обвинуваме“, рече Захарова.