Евгенија е првото родено бебе во 2026 година

Според надлежните, во првите минути од новата година се родени и две близначки во Клиниката во Чаир

од Nikola Popovski
45 прегледи Фото: Фејсбук

Точно на полноќ на скопската Клиника за гинекологија и акушерство се роди малата Евгенија која е првото родено бебе во Скопје во новата 2026 година. Како што информира директорката на ГАК, бебето е трето дете во фамилијата Камчеви.

Според надлежните, во првите минути од новата година се родени и две близначки во Клиниката во Чаир.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја посети мајката на Евгенија и ѝ врачи соодветни подароци.

-Евгенија се роди со царски рез. Секогаш кај родилка кога претходно имала царски рез, кога ќе добие болка, наредното раѓање е со царски рез. Евгенија се роди со 2,8 кг и 48 цм, кажа директорката на ГАК.