Стивен Ивановски (17) го загуби животот во трагичниот пожар што избувна во барот „Ле Констелејшн“ на новогодишната ноќ во скијачкиот центар Кран-Монтана во Швајцарија.
Информацијата ја потврдија извори блиски до семејството, откако ДНК-анализата утврдила дека тој не успеал да се спаси од огнената стихија.
Трагичната потврда доаѓа по неколкудневна неизвесност и потрага низ болници во Швајцарија, Франција и Италија. Од Министерството за надворешни работи претходно информираа дека случајот бил пријавен и дека македонската амбасада била во постојана комуникација со семејството и швајцарските институции.
Стивен последен пат бил виден во новогодишната ноќ, во моментите кога избувнал пожарот во подрумскиот дел од барот, во кој загинаа десетици лица, а над сто беа повредени. Неговото исчезнување предизвика бројни апели на социјалните мрежи.