Тошковски демантира дека е украдена камера од „Безбеден град“ во Сарај и обвини за лажни вести

„Добро е што македонските граѓани, и покрај лажните вести кои се шират, даваат огромна поддршка на имплементирање на овој проект, а ние ќе сториме се како МВР овој проект да биде отскочна даска за имплементирање на европски вредности“, кажа министерот за внатрешни работи

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски негираше дека е украдена камера од системот „Безбеден град“ во општина Сарај, со што ги демантираше дел од фотографиите кои кружеа по социјалните мрежи.

-Не е вистина. За жал, има многу портали и Фејсбук-страници кои што на ваков начин со лажна состојба сакаат да привлечат одредено внимание во различни интереси. Добро е што македонските граѓани, и покрај лажните вести кои се шират, даваат огромна поддршка на имплементирање на овој проект, а ние ќе сториме се како МВР овој проект да биде отскочна даска што ќе значи имплементирање на европски вредности на секое едно поле во Македонија. Проектот го има тој потенцијал – македонските граѓани во тест-периодот покажаа дека со опомени, а не казни, и те како можат да делуваат на спасување на човечки животи, рече Тошковски на прес-конференција.

Во претходните денови кружеше фотографија на социјалните мрежи дека наводно во општина Сарај е пријавена кражба на една безбедносна камера од системот кој што ќе казнува несовесни возачи од 1 февруари.