Мицкоски ќе свика лидерска средба за укинување на техничката влада и консензус околу реформските закони

„Пред изборите (во 2024 година) раководството на СДСМ изјави дека е за укинување на техничката влада, да видиме дали стојат на тој став... Но, не би сакал да влегувам во таков процес без консензус, бидејќи мислам дека ова е политички некултурно. Ваквите промени во политичкиот систем треба да се спроведуваат со консензус“, вели Мицкоски

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Укинувањето на техничката влада пред изборите и дискусијата за законите поврзани со потребните реформи за напредокот на земјата кон Европската Унија ќе бидат тема на лидерска средба, за која премиерот Христијан Мицкоски, ќе испрати покани до претседателите на политичките партии. Средбата ќе се одржи во следните седум до десет дена, пред Мицкоски да замине на Светскиот економски форум во Давос.

Мицкоски очекува консензус од раководствата на сите парламентарни коалиции за клучните прашања за земјата.

-Да зборуваме отворено за сите оние теми за кои немаме дијаметрално спротивставени мислења. Не велиме ли дека сите сме „за“. Законите добија позитивно мислење од Венецијанската комисија, од ЕУ, да седнеме и да разговараме… Пред изборите (во 2024 година) раководството на СДСМ изјави дека е за укинување на техничката влада, да видиме дали стојат на тој став… Но, не би сакал да влегувам во таков процес без консензус, бидејќи мислам дека ова е политички некултурно, бидејќи мислам дека ваквите промени во политичкиот систем треба да се спроведуваат со консензус. Ако кажеме дека техничката влада е некаков имплант, ако кажеме дека техничката влада може да има проблеми и со уставноста, дека го попречува системот, не му дава доволно простор за маневрирање, да ги направиме овие промени, вели Мицкоски, според кого сите лидери на парламентарните коалиции ќе ја прифатат поканата за средба.

– За правобранителот да разговараме. Да покажеме зрелост дека како политичари и како држава, можеме ете кога е предизвикот, посебно целта пред нас, а тоа е Европската Унија да разговараме отворено на сите тие теми, кои што немаме дијаметрално различни ставови. Нели велиме сите сме за таму, законите имаат позитивно мислење од Венецијанската комисија, имаат позитивно мислење од Канцеларијата на Европската комисија. Ајде да седнеме и да разговараме, рече Мицкоски во божиќно интервју на Алфа Тв.