Трговскиот дефицит на САД во октомври изнесуваше 29,4 милијарди долари, што е најниско ниво од средината на 2009 година, објави Министерството за трговија на САД.
Трговскиот дефицит на САД се намали за 39% на месечна основа, благодарение на зголемувањето на извозот од 2,6% и намалувањето на увозот од 3,2%, објави CNBC.
Податоците ги одразуваат ефектите од царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп во април 2025 година како дел од таканаречениот „Ден на ослободувањето“.
Економистите претходно предупредуваа дека царините би можеле да предизвикаат контрамерки и да ја забават глобалната трговија, но најновите податоци укажуваат на силна побарувачка за американски производи.
На годишна основа, трговскиот дефицит на САД од јануари до октомври е сè уште за 7,7% повисок отколку во истиот период во 2024 година, но темпото на неговиот раст значително се забавува.
Продуктивноста во Соединетите Американски Држави порасна со годишна стапка од 4,9 проценти, додека трошоците за работна сила се намалија за 1,9 проценти, што укажува дека пазарот на трудот во моментов не создава дополнителни инфлаторни притисоци.
Аналитичарите истакнуваат дека растот на продуктивноста ѝ овозможува на американската економија да забрза без зголемување на инфлацијата, и покрај послабата вработеност.