🎥Снегот не го изненади Орце, кажа градоначалникот на Скопје

Нас, снегот не може да нѐ изненади. Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен, будно и одговорно следејќи ја состојбата на сите сообраќајници, се пофали градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Нас, снегот не може да нѐ изненади. Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен, будно и одговорно следејќи ја состојбата на сите сообраќајници, се пофали градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Обезбедени се доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите. Кризниот штаб функционира 24/7, со цел безбедно и непречено движење низ градот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на зголемена внимателност и строго почитување на препораките за возење во зимски услови“, порача тој.