Лимани од коалицијата на ДУИ избран за нов градоначалник на Гостивар

Според првичните податоци, Лимани освоил 64,48 насто, додека неговиот противкандидат Невзат Бејта од коалицијата ВЛЕН добил 31,56 проценти од гласовите

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Фејсбук/Валбон Лимани

Ваљбон Лимани, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, е победник на повторените локални избори во општина Гостивар. Според првичните податоци, Лимани освоил 64,48 насто, додека неговиот противкандидат Невзат Бејта од коалицијата ВЛЕН добил 31,56 проценти од гласовите. Изборите во Гостивар се повторија откако претходниот обид пред шест месеци беше неуспешен бидејќи не беше исполнет законскиот цензус, односно на гласање не излегоа една третина од запишаните гласачи. Иако и во овој изборен циклус беше забележана мала излезност, овојпат за изборот на градоначалник немаше услов за цензус.

Во Маврово и Ростуше победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакупоски, додека во општина Врапчиште нов мандат доби кандидатот на коалицијата на ДУИ, Исен Шабани.

Во општина Центар Жупа, за градоначалник е избран Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, кој беше и единствен кандидат на изборите во оваа општина.