Скопјанка нападнала полицаец пред полициска станица

Уапсена скопјанка во Гази Баба

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: МВР

52-годишна скопјанка нападнала полицаец додека тој извршувал службени дејствија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-На 10.01.2026 во 20:40 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Д.(52) од Скопје затоа што пред Полициската станица Гази Баба физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија и притоа му упатувала и закани, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.