Две жени се тепале во трговски во Центар, а маж снимал со мобилен

Женска тепачка во трговски центар во Скопје

од Nikola Popovski
110 прегледи Фото: Фејсбук профил на МВР

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, жена нападнала друга жена во трговски центар во Скопје, а мажот кој бил со жената напаѓачка ја снимал жртвата со мобилен телефон.

-На 11.01.2026 во 13:10  часот во СВР Скопје, С.К.П.(41) пријави дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар, била физички нападната од 56-годишната М.Д., а едно машко лице кое било со неа ја снимало со мобилен телефон.

Исто така, и М.Д. пријави дека била физички нападната од С.К.П., стои во денешниот полициски билтен за инцидентот.