МВР распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој усмрти пешак во Капиштец

Објавен идентитетот на момчето кое ја усмрти жената во Капиштец и избега преку „Табановце“

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

Несреќата се случи на 9-ти јануари на ул. „Народен фронт“ во Скопје, кога 18-годишникот со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки удри во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди. Наместо да застане и да ѝ помогне на повредената жена, возачот веднаш избегал од местото. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар, каде подоцна починала од тешките повреди.

Подоцна, со помош на уште две лица – маж и жена – тој бил пренесен надвор од државата преку граничниот премин Табановце.

Двете лица кои му помогнале во бегството се уапсени по нивното враќање во земјава, а за нив е побаран притвор. Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за тешко кривично дело во сообраќајот и за неукажување помош.