Координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски по одржувањето на лидерската средба истакна дека неговата партија предлага за една изборна единица што ќе обезбеди поголема еднаквост на гласот на граѓаните.
На прашањето зошто лидерот на движењето, Максим Димитриевски не присуствуваше на лидерската средба, Карапејовски информира дека уште претходно имал закажани обврски надвор од Македонија.
-Нема ништо спектакуларно во однос на тоа. Не е во државата во моментов. Најбитното е движењето ЗНАМ е присутно на оваа средба и сите активности се координирани во рамките на партијата и со претседателот на партијата. Се работи за техничка работа, кажа пратеникот.