Експлозија во станбена зграда во Утрехт, има повредени лица

Повеќе лица се повредени по силна експлозија што во четврток попладне предизвикала голем пожар во станбена зграда во центарот на Утрехт, еден од најголемите градови во Холандија.

од desk4
14 прегледи

Според информациите на локалните власти, по експлозијата се урнале повеќе објекти во зафатениот дел од градот. „Неколку згради се урнаа по експлозијата. Четири лица се повредени и се пренесени во болница на лекување“, соопштија надлежните институции, пренесе Index.hr.

Пожарот и во вечерните часови сè уште бил активен, а противпожарните екипи не можеле безбедно да влезат во објектот. Поради тоа, не е познато дали во урнатините има уште затрупани лица.

„Не сме сигурни дали под урнатините има уште луѓе, а урнатини дефинитивно има. Полицијата интензивно работи на истрагата“, изјави градоначалничката на Утрехт, Шарон Дејксма.

Локалните власти соопштија дека во овој густо населен дел од градот е регистрирана „обемна материјална штета“, додавајќи дека причините за експлозијата засега не се познати.

Жителите кои од безбедносни причини биле евакуирани од своите домови привремено се сместени во блиски хотели. Истрагата за причините и последиците од експлозијата е во тек.