Деветмина вработени во УЈП останаа без пасоши по спроведената акција за даночна измама

Полициската акција, под раководство на јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција траеше до доцна синоќа

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5 Тв

За деветмина од вчера уапсените вработени во УЈП, а по акцијата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и МВР, се одредени мерки на претпазливост, односно им се одземени патните исправи и имаат забрана за комуникација со одредени лица.

-Во однос вчерашната акција на ОЈО ГОКК, а поврзана со вработени во УЈП, до Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерки за претпазливост против 10 лица, од кои 9 се спроведени пред судија на претходна постапка, а по нивно произнесување, судијата го прифати предлогот и на сите им определи мерки согласно точките 2,3,6 и 7 односно: одземање на патна исправа, обврска за јавување во суд, забрана за комуникација со одредени лица и забрана за извршување одредени работни активности, информираа од Кривичниот суд.

Полициската акција, под раководство на јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција траеше до доцна синоќа. Се вршеле претреси на повеќе локации, обезбедени и лица осомничени за даночна измама, и затајување од поголеми размери.