Инцидент со хрватски „Рафал“, авионот морал принудно да слета

Еден од борбените авиони „Рафал“ на Хрватското ратно воздухопловство беше принуден да го прекине летот и безбедно да слета поради технички проблем што се појавил веднаш по полетувањето.

од desk4
18 прегледи Фото: Притскрин од Дневник.хр

Еден од новите борбени авиони „Рафал“ на Хрватско ратно воздухопловство во четвртокот морал да го прекине планираниот лет поради технички проблеми што се појавиле при полетувањето. Пилотот кратко по полетувањето одлучил да се врати и да слета во воената база на загрепски Плесо, јавува Dnevnik Nove TV.

Според неофицијални информации, пилотот имал проблем со вовлекувањето на задните тркала. Засега нема официјални изјави за причините што довеле до приземјување на авионот, кој пред слетувањето кружел над подрачјето.

Од Хрватско ратно воздухопловство и Министерство за одбрана на Хрватска (МОРХ) потврдија само дека авионот безбедно слетал и дека сè било изведено согласно процедурите. Прашањата дали ова е прв ваков случај, што покажал техничкиот преглед и како се одржуваат авионите, од МОРХ засега останале без одговор.

Инцидентот се случил кратко откако ХРЗ ја презеде контролата врз воздушниот простор од италијанските и унгарските сили. По тој повод, командантот на воздухопловството Крешимир Ражов неодамна изјави: „Ќе се менуваат тимовите пилоти, техничари, инженери, воздухопловни техничари и оружари и ќе бидеме подготвени 24 часа.“

Слични содржини