Николоски за гласањето за законите за „Безбеден град“: СДСМ влегоа во целосно деструктивна кампања, се надевам дека ќе се опаметат

Прашан дали би се согласил за одложување рече дека тоа треба да го разговараат пратеничките групи и во насока на постигнатото на лидерската средба да се изгради консензус

од Vladimir Zorba
53 прегледи Фото: Министерство за транспорт и врски

Гледате кој е опозиција. Опозиција е СДСМ коишто влегоа во целосно деструктивна кампања, којашто мора да признаам дека не ја разбирам, и тука е ДУИ, коишто се сеќаваме добро што се случуваше кога беа на власт. Се надевам дека ќе се опаметат и законите особено оние кои се двотретински ќе бидат изгласани, особено после ветувањето на лидерската средба – изјави Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по учеството на одбележувањето на празник Водици во Охрид.

Прашан дали би се согласил за одложување рече дека тоа треба да го разговараат пратеничките групи и во насока на постигнатото на лидерската средба да се изгради консензус.

– Ова е проект кој спасува животи и сите треба да учествуваат во него – порача Николоски.