Лулзим Алиу поднесе неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за образование

Заменик-министерот за образование Лулзим Алиу денеска соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата, наведувајќи дека одлуката е резултат на внимателна лична и професионална проценка.

од desk4
21 прегледи

Заменик-министерот за образование Лулзим Алиу денеска соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата, наведувајќи дека одлуката е резултат на внимателна лична и професионална проценка.

Оставката е доставена до премиерот Христијан Мицкоски, а јавноста за неа Алиу ја информираше преку објава на својот фејсбук-профил.

Во соопштението, Алиу посочува дека во овој период оценил оти е најсоодветно да го насочи својот ангажман кон академската дејност, како и да се посвети на семејството, потенцирајќи дека одлуката е донесена со чувство на одговорност и лична зрелост.

Лулзим Алиу е роден во 1977 година во Кичево. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, а во 1999 година дипломирал албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистерската диплома ја стекнал во 2006 година, а во 2011 година докторирал по филолошки науки, со фокус на граматичките категории на глаголот во делата на Исмаил Кадаре преведени на македонски јазик.

Од институциите засега нема дополнителни информации за тоа кој ќе го преземе неговото место.