Анел Фидоски избран за нов шеф на скопското ОЈО

Фидоски добил седум гласови од Советот на јавни обвинители

од Nikola Popovski
43 прегледи Фото: Фејсбук

Анел Фидоски е нов шеф на Скопското Обвинителство. Тој добил седум гласови од Советот на јавни обвинители.

На прашањето што значи гласот „воздржан“, претседателот на СЈО, Башким Селими рече дека често се гласа „воздржан“ во Советот, бидејќи во законот не е прецизирано. Самиот Селими гласал за Фидоски. Тој инсистира да се смени праксата во новиот закон и да се знае „да“ или „не“. „Воздржан“ е како непишано правило.

-Секој член е независен во своето постапување и гласање. Јас како претседател ја отворив расправата. Избраниот во интервјуто покажа добри резултати и затоа некои од членовите ценеја дека треба да му се даде шанса, кажа Селими во изјава за медиумите.

Во јавноста претходно беше отворено и прашањето за предметот во Јавното обвинителство поврзан со бонусите исплаќани во рамки на СЈО, во кој се споменуваат и внатрешни несогласувања меѓу обвинители, вклучително и реакции од вишите јавни обвинители Хајрулахи и Цветановски во однос на поранешниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Покрај сега веќе претходниот Гаврил Бубевски и новиот прв човек на ОЈО Скопје, Фидоски, кандидати за функцијата беа и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.

Како обвинител во скопското Обвинителство, Фидоски е познат по неколку случаи познати за јавноста, а меѓу нив е гонењето на обвинетите за убиството на Никола Сазодвски, член на групата „Комити“. Тој го наследи и долгогодишниот судски предмет „Тенковски делови“, во кој еден од обвинетите беше и експремиерот Владо Бучковски.