Османи за двојазичната богослужба во Ростуше: Почитта и соживотот се докажуваат преку дела, а не преку зборови

„Тивка вода брег рони“, порача Османи

од Nikola Popovski
35 прегледи Фото: Фејсбук/Бујар Османи

Екс-министерот и актуелен член на ДУИ, Бујар Османи ја поздрави, како што вели, двојазичната богослужба во село Ростуше и фрлањето на осветениот крст во водите на реката Радика. Османи во својата објава ја напиша поговорката „Тивка вода брег рони“.

-Понекогаш, токму тивките и искрени гестови ги зближуваат луѓето и градат мостови меѓу заедниците.

Во овој дух, посебни честитки до албанскиот амбасадор Мејдани и до претставникот на Македонската православна црква, Партениј, за двојазичната богослужба во Ростуше. Едноставен чин, но со длабоко значење, кој ги зближи луѓето и покажа дека почитта и соживотот се докажуваат преку дела, а не преку зборови.

На крај, искрени желби до сите православни верници по повод празниците, мир, здравје и добрина во вашите семејства, стои во објавата на Османи.

Дваесет и тригодишниот Милко Божиновски од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод вчерашниот голем христијански празник Богојавление – Водици.