Царина: 13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама откриени кај двајца грчки државјани

Царински службеници и мобилни царински тимови открија неколку обиди за шверц разна стока и неколку обиди за криумчарење на поголеми суми на непријавени девизи.

од Vladimir Zorba
24 прегледи Фото: Царинска управа

Царински службеници и мобилни царински тимови открија неколку обиди за шверц разна стока и неколку обиди за криумчарење на поголеми суми на непријавени девизи.

„13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца патници кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце автопат. При личен претрес на лицата, во џебот од јакната на возачот биле пронајдени 23.900 евра, а во неговиот паричник и во преден џеб од неговите панталони биле пронајдени 3 златни монети, секоја со маса од околу 8 грама и една златна плочка со маса од околу 90 грама. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 13.900 евра, златните монети и златната плочка се привремено задржани“, соопштија оттаму.

„При контрола на автомобил кој се пријавил за влез во држвава на граничниот премин Ќафасан кај совозачот пронајдени се непријавени 20 илјади евра. Според Законот за девизно работење на странката и се вратени 10 илјади евра, а остатокот од 10 илјади евра се привремено задржани.

На излез од држвава на граничниот премин Богородица кај четворица патници се пронајдени вкупно 20.000 евра. Односно, секој од нив со себе носел по 5.000 евра, сума која е потребно да се пријави и за која е потребна потврда од овластена банка или менувачница при изнес од државава. Според Законот за девизно работење на секој од патниците им се вратени по 2.000 евра, а остатокот од по 3.000 евра или вкупно 12.000 евра се привремено задржани“, додаваат оттаму.