Адвокатот Звонко Давидовиќ, кој е бранител на судијата Ѓоко Ристов, синоќа во изјава од пред Кривичниот суд соопшти дека пронајдените 350.000 илјади евра всушност не биле на судијата туку на неговите родители. Тој најави дека ќе се жалат на одлуката за куќен притвор за судијата.
-Ние им предочивме и на Обвинителството и на Судот. Него го обвинуваат за противправно стекнување и прикривање на имот, но, ако го погледнете членот, ќе видите дека таму постои двојба – одговорно или службено лице кое е во јавна установа, јавно претпријатие или друг орган кој работи со државни пари или имот. Тоа не може да се однесува на судија или имот, но во постапкатта понатаму ќе се докажуваме. Основниот доказ кој што Обвинителството упорно го прикажува се 350 илјади евра кои беа најдени кај неговите родители. Во записникот напишале дека тоа се нивни лични средства, а тоа го признава и обвинителката, рече Давидовиќ во изјава за медиумите.
Во кујната плочки, зад плочките дупка – а во неа 350 илјади евра. МВР поднесе кривична пријава за апелацискиот судијата бидејќи во куќата на неговите родители во Неготино најде соѕидани пари, доволна сума за да го компромитираат и да биде осомничен за незаконско стекнување и прикривање имот како и перење пари.
Додека не се расчисти дилемата како Ристов дошол до парите, Судскиот совет одлучи да го суспендира, односно да не оди на работа до завршување на кривичната постапка.