Државниот завод за статистика објави дека трендот на раст на платите во Македонија продолжува и во ноември 2025 година. Според ДЗС, просечната нето-плата достигна 45.961 денар, што претставува годишен пораст од 9,4%.
Во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.4 %.
Како што информираат, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.1 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.9 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.5 %, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.2 %.
ДЗС објави и дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2025 година изнесува 69 141 денар. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.7 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.3 % и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 10.8 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.6 %, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.1 %.