Суспендиран договорот ЕУ-Меркосур

Ова значи дека договорот нема да стапи во сила сè додека Судот на правдата на Европската Унија не донесе одлука за него, што може да потрае и до две години.

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: Mercosur Global

Европскиот парламент со тесно мнозинство гласаше да побара мислење од Судот на правдата на Европската Унија за трговскиот договор на ЕУ со Меркосур. Ова значи дека договорот нема да стапи во сила сè додека Судот на правдата на Европската Унија не донесе одлука за него, што може да потрае и до две години.

Со 334 гласа „за“ и 324 „против“, европратениците одлучија да го упатат договорот до судот на разгледување. Договорот беше потпишан во име на ЕУ во Парагвај во саботата од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Преговаран е 25 години и се смета за еден од најважните и најголемите трговски договори што ЕУ некогаш ги потпишала.

Договорот создава слободен пазар за повеќе од 700 милиони потрошувачи.

Договорот беше поддржан од квалификувано мнозинство од земјите-членки во Советот, но поради притисок од земјоделците, европратениците го одложуваат неговото стапување во сила, барем додека Судот на правдата не донесе одлука.