Полицијата интервенираше на Филозофскиот факултет во Нови Сад, најавени протести на поддршка

Студенти на Филозофски факултет во Нови Сад денеска околу пладне се собраа во зградата на факултетот за да ѝ дадат поддршка на професорката Јелена Клеут, која неодамна добила отказ.

од desk4
8 прегледи

Тие ја блокираа зградата и порачаа дека „не одат никаде“ сè додека Клеут не биде вратена на работа.

Околу 16 часот, на факултетот пристигна полиција, повикана од деканот, и ги отстрани студентите и дел од професорите, при што, според сведоштвата, била употребена сила.

По интервенцијата, студентите соопштија дека денешниот протест завршува, но дека борбата продолжува. „Се гледаме секој нареден ден на улица и на факултет. Оваа борба тука не завршува. Факултетот можеби утре ќе биде отворен, но ние остануваме и нема да застанеме додека Јелена Клеут не биде вратена на своето место и додека не добиеме слободен универзитет“, порача еден од студентите пред насобраните пред факултетот.

Претходно во текот на денот, студентите официјално најавија блокада на факултетот токму поради отказот на професорката Клеут. Во меѓувреме, најавени се и протести на поддршка во Белград и Ниш.