Добро е Венко да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција од партијата на власт: „Дали има некој поистакнат член на СДСМ, освен Жерновски, кој денес не бара оставка на Венко Филипче?“

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Локално

„Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за ставовите на СДСМ по вчерашното телевизиско гостување на екс-градоначалникот и член на СДСМ, Петре Шилегов.

Од партијата на власт, исто така прашуваат, „како за кус период сите кои не мислат како Филипче, за Филипче станаа ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ?“.

„Трето, зошто воопшто ВМРО-ДПМНЕ би го рушела Филипче, преку Шилегов, кој СДС како најголем конкурент на ВМРО-ДПМНЕ ја направи трета партија во земјава, а петта во Скопје?

Четврто, дали има некој поистакнат член на СДС, освен Жерновски од ЛДП, кој денес не бара оставка на Венко Филипче?Додека Филипче се кара за темата кој бил повеќе на ВМРО-ДПМНЕ, добро е да одговори на овие прашања. Се друго е бегање од реалноста и од сопствената одговорност“, стои во партискиот став од таборот на Христијан Мицкоски.

СДСМ соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува „да ја руши партијата одвнатре“ преку Шилегов, обвинувајќи дека неговите јавни настапи се дел од координирана операција. Во реакцијата, СДСМ оди чекор понатаму и прашува дали Шилегов е „уценет или купен“, тврдејќи дека сè е „договорено, координирано и синхронизирано“ со ВМРО и дел од медиумите.

СДСМ: Шилегов ја предаде партијата во координација со ВМРО-ДПМНЕ

 

Слични содржини