Досега сум одолеал на притисоци, се надевам и понатаму – вели новиот шеф на ОЈО Скопје

Фидоски најави дека пред се, ќе има соочување со предметите за финансиски криминал и злоупотребите

од Nikola Popovski
50 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Слободен печат

Новиот шеф на ОЈО Скопје, Анел Фидоски вели дека се уште не седнал на функцијата, за да знае што ќе се соочи во наредниот период. Најавува дека ќе види што има заостанато од работа и на што треба да се даде приоритет од предметите. Сепак, потенцира дека пред се, ќе има соочување со предметите за финансиски криминал и злоупотребите.

-Јас веќе 12 години сум јавен обвинител. Сум одолеал досега, се надевам дека ќе одолеам и понатаму, рече Фидоски, запрашан за дали и како ќе оддолее на притисоците.

Анел Фидоски е познат по учество во повеќе високопрофилни и општествено чувствителни случаи. Меѓу нив се предметот за убиството на Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“ и случајот „Тенковски делови“, воден против поранешниот премиер Владо Бучковски, кој заврши со застарување по преквалификација на делото. Токму за случајот против Бучковски, новиот шеф на скопското Обвинителство истакна дека не го застарил предметот затоа што таков бил текот на постапката.

Овие промени во ОЈО Скопје следат по оставката на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и назначувањето на Анита Тополова Исајловска за в.д. јавна обвинителка.