Димитриеска-Кочоска: Намалувањето на сивата економија е еден од главните приоритети

Намалувањето на сивата економија останува еден од клучните приоритети на Владата, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на социјалните мрежи.

од desk4
9 прегледи

Таа истакна дека воведувањето на е-фактурата, поврзувањето на институционалните системи, како и дигитализацијата на Управата за јавни приходи и Царинската управа се дел од конкретните мерки кои треба да овозможат поефикасна контрола и воспоставување правичен даночен систем.

Според министерката, целта на овие процеси не е казнување, туку создавање амбиент во кој правилата важат подеднакво за сите, а институциите функционираат транспарентно и ефикасно.

„Нашата цел не е да казнуваме, туку да изградиме систем што ќе биде фер, транспарентен и ќе обезбеди еднакви услови за сите учесници во економијата“, порача Димитриеска-Кочоска.