Битолчанец фалсификувал документи за да наплати речиси 90.000 евра од РЕК Битола

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.Т. од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.

од desk4
17 прегледи Фото: Принтскрин/јутјуб/ Тв 21

Од полицијата информираат дека пријавениот, кој бил управител во приватна фирма од Новаци, во периодот април – мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања и со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета на РЕК Битола во износ од 5.453.700 денари, односно 88.678 евра.

Според соопштението на СВР Битола, осомничениот извршил измена на две официјални барања доставени од РЕК Битола – рудник „Суводол“ до неговата фирма, кои се однесувале на набавка на ролни за јаглен за репарирање на лента за јаглен. При тоа, тој ја променил количината во првичните барања, односно ги преправил оригиналните документи.

Фалсификуваните барања, како што наведуваат од полицијата, биле употребени како доказ во правниот сообраќај за набавка на гумени прстени, со што била реализирана противправна исплата на средства на штета на РЕК Битола.