Украдени над 2000 евра и златен накит од куќа во Чаир

Скопјанец пријавил тежок грабеж во неговиот дом во Чаир

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/

На 22.01.2026 во СВР Скопје, С.К.(39) од Скопје пријави дека во временски период од 15:00 до 19:40 часот во семејната куќа на подрачјето на Чаир во Скопје, извршена му е тешка кражба, при што му биле одземени 120.000 денари, златен накит и лаптоп.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.