Компанијата „IFL Watches“ објави какви часовници носат премиерите и лидерите на повеќето држави-членки на НАТО и колку чинат. На листата се наоѓа и премиерот Христијан Мицкоски. Анализирани се само 20 од претседателите или премиерите на земјите-членки на НАТО колку што можеле да се забележат.
„Меѓу имињата на листата се и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој често се појавува како носи „Vacheron Constantin“, премиерката на Данска, Мете Фредериксен, која е исто така одговорна за Гренланд, носи локален дански бренд, „Skagen“, и премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, забележан со изненадувачки познатиот „Тissot“ часовник. Тука е и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, чиј часовник се чини дека е долго носено парче исполнето со лична историја и спомени“, стои во објавата.
Според објавата, Мицкоски носи „ IWC Portofino“ часовник кој чини 6.900 долари, Еди Рама, премиерот на Албанија е забележан со „Monblanc Star Chrono“ вреден 4.700 долари, а премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ носи часовник „Hamilton“ од 2.000 долари.
Скандинавците и премиерот на Канада се најскромни: Мете Фредериксен со „Скаген“ од 125 долари, Јонас Гар Стјоре, со „Своч“ од 84 долари и премиерот на Канада Марк Карни со Своч од 100 долари.
Американскиот претседател Доналд Трамп носи часовник од 15 илјади долари. Најскап часовници на раката, според „IFL“, има премиерот на Белгија Александар де Кро со Франк Милер од 19.000 долари.
„IFL Watches“ е независна дизајнерска компанија и не е официјално поврзана или поддржана од ниту еден од споменатите брендови.