Четворица скопјани киднапирале девојка во Струга, полицијата ги фати

Скопјанка киднапирана во Струга, кривична за четворица мажи

од Nikola Popovski
98 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител Тв

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(25), Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“.

Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23-годишна девојка од Скопје.

Откако  А.А. ја забележал девојката, извесно време ја следел и во погоден момент, насилно ја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите пријавени.

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против осомничените се поднесени соодветни кривични пријави, а надлежните органи ќе продолжат со понатамошно постапување согласно закон.