СДСМ: Мицкоски носи часовник од 6900 долари, а Македонија е на последно место меѓу земјите по висина на платите во Европа

„Само по скапите часовници на Мицкоски сме меѓу првите во светот“, велат од „Бихаќка“ за ранг-листата на „IFL Watches“ со часовниците на лидерите на НАТО

од Nikola Popovski
21 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

СДСМ ја пренесува информација од компанијата „IFL Watches“ која објави објави ранг листа на часовници кои ги носат шефовите на држави и влади на НАТО и колку чинат. Од опозициската партија потсетуваат дека премиерот Христијан Мицкоски со неговиот часовник од 6.900 долари е на врвот на таа листа, помеѓу топ пет, со најскапи часовници.

„Не му го виделе имотниот лист на Мицкоски, со 60.000 евра колекција на скапи часовници, инаку сигурно би бил прв на листата. Тажно е ова за Македонија и за сите нејзини граѓани.

Македонија е на последно место на светската ранг листа по животен стандард на Балканот. Македонија е на последно место меѓу земји по висина на платите во Европа и по висината на минималната плата во регионот. Македонија е во листата на САД на земји „од трет свет“. Само кога се мерат скапите часовници на Мицкоски сме меѓи првите во светот.

Тоа покажува „колку е саат“ во Македонија. Власта служи само за лично богатење на функционерите во Владата додека народот едвај врзува крај со крај“, стои во партиското соопштение од „Бихаќка“.

Од триесет и двајцата лидери, „IFL Watches“ имаат „информација“ за 20-мина лидери на НАТО. Меѓу оние за кои имаат информација, најскапи часовници на раката имаа премиерот на Белгија, Александар де Кро со „Франк Милер“ од 19.000 долари, претседателот на САД, Доналд Трамп, кој често се гледа како носи „Vacheron Constantin“, вреден 15.000 долари и шефот на словачката влада, Роберт Фицо со „IWC“ од 15.000 долари.

Во „средната“ категорија, каде што е и Мицкоски со „IWC“ од 6900 долари, се и албанскиот премиер Еди Рама со „Монблан“ од 4700 долари и Киријакос Мицотакис со нешто поскап „Зенит“ од 9000 долари.

Компанија ги објави модните додатоци на лидерите на НАТО: Мицкоски носи поскап часовник од Рама и Пленковиќ, Трамп со саат од 15 илјади долари

Слични содржини