На 25.01.2026 во 18:12 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода П.М.Ф.Б.(29) од Камерун, затоа што при гранична контрола е констатирано дека на увид приложил туѓа француска лична карта, која евидирала како предмет на потрага од Интерпол.
По извршената проверка констатирано е дека тој бил регистриран во Прифатниот центар- Визбегово, а изјавил дека француската лична карта ја набавил од едно лице од Скопје за сума од 1000 евра.
Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.