По преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил намерно предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив биле извршени службени разговори во присуство на родители, при што тие го признале делото.
Како доказен материјал, од малолетниците била одземена запалката со која бил подметнат пожарот, информираат од полицијата.
Со случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.