„Ова е најсуровата зима што Украинците ја доживеале во повеќе од една деценија, во време кога руските напади врз енергетската инфраструктура во Киев и во други градови се засилуваат“, рече Руте, обраќајќи се пред комисиите за одбрана и надворешни работи на Европски парламент.
Тој додаде дека мировните преговори предводени од САД се во тек и повтори дека целта е постигнување долгорочен мировен договор или прекин на огнот, пренесува Le Monde. „Да се надеваме дека тоа ќе го постигнеме што е можно побрзо“, истакна Руте, нагласувајќи дека приоритет е да се обезбеди рускиот претседател Владимир Путин никогаш повеќе да не ја нападне Украина.
Руте информираше дека НАТО продолжува да ѝ обезбедува поддршка на Украина со американска воена опрема во вредност од милијарди долари. Воедно, тој ги повика европските пратеници да не бидат „претерано рестриктивни“ во однос на користењето на кредитната линија на ЕУ од 90 милијарди евра наменета за безбедност.
„Ги охрабрувам потребите на Украина да ги ставите во центарот на вашите одлуки“, порача генералниот секретар на Алијансата.