Во објава на социјалните мрежи, Муцунски информира дека на средбата биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, при што изразил благодарност за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и за зајакнувањето на демократскиот капацитет на државата.
Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите, особено во делот на економскиот развој, унапредувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Муцунски, исто така, истакна подготвеност за натамошно јакнење на политичкиот дијалог и билатералната соработка, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и унапредување на партнерската соработка во рамките на НАТО.