Лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов порача дека за само две години, временски период за колку Владата одбива да ја покачи платата и колку што одбиваат работодавачите да се договорат со работниците, граѓаните се посиромашни за 9500 денари, колку што е зголемена вредноста на синдикалната минимална кошница.
На денешната прес-конференција, во пресрет на утрешниот протест на работниците, Трендафилов вели дека се борат и за платите на критичарите – „оние кои не напаѓаа изминатите денови“.
-Нека одат сами на нивните директори и функционери и нека им кажат за зголемување на платата и да видат како од омилени им стануваат најголеми непријатели. Утре е денот кога работниците зборуваат. Ние ќе бидеме на улица и затоа ве повикуваме да ни се придружувате, рече претседателот на ССМ.
За обвинувањата од Конференцијата на слободни синдикати дека ССМ се партиски поврзани, Трендафилов рече:
„Во ССМ е забрането пушењето. Колегите кога клечат, нека видат дали ги болат колената. Се бориме за 6000 денари да се зголемат платите на КСС кое не сака да се зборува за зголемување, а нивниот претседател дава изјави дека малку се зголемиле функционерските плати. Тие се нивни миленичиња, а ние се бориме за работниците“.
Претседателот на КСС, Благоја Ралповски смета дека барањето на ССМ за покачување на минималната плата за плус 200 евра е „популистичко барање“. Вели дека сите сакаме да имаме 600 евра минималец, но објаснува дека посакува системско решение – промена на Законот за минимална плата и да имаме минимален работен час.
За Ралповски, барањето на ССМ за 200 евра покачување на минималецот е „популизам“