Караџов: Големи ќе бидат економските загуби за Бугарија поради блокадата на границите со Македонија и Србија

„Нема потреба Србија и Северна Македонија и нивните економии да страдаат толку многу како нашата економија и со тоа да се казнуваме взаемно“, рекол бугарскиот вицепремиер и министер во оставка

од Nikola Popovski
74 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук/Министерски совет на Бугарија

„Економските загуби за сите земји, не само за Бугарија, ќе бидат многу големи од блокадата на границите со Србија и Република Северна Македонија“ изјави денеска бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски во оставка, Гроздан Караџов за време на Софискиот економски форум.

„Ваквите блокади, покрај кршењето на некои од основните права, правото на слободен премин и правото на слободен транспорт на стоки, водат до многу сериозни економски последици, не само за транспортниот сектор, туку и за сите други економски сектори кои зависат од снабдувањето. А ова е практично целата економија“, додал Караџов.

Според него, ваквите блокади на граничните премини обично не водат кон решавање на проблемите што ги засегаат соседните земји на Бугарија.

„Подобро е да седнеме и да разговараме со институциите, во овој случај европските институции – ниту Владата во Бугарија, ниту која било друга земја-членка, нема никаква врска со оваа одлука. Затоа е правилно да седнеме и да разговараме со европските институции за да се бара заемно корисен компромис. Нема потреба самите земји, Србија и Северна Македонија и нивните економии да страдаат толку колку нашата економија и со тоа да се казнуваат едни со други“, додава бугарскиот вицепремиер.

Тој прецизирал дека министрите во европските земји учествуваат во различни формати за прашања поврзани со транспортот, а она што можат да го направат е да ја повикаат Европската комисија што е можно поскоро да започне преговори со двете земји, а во исто време да ги отвори границите додека не се најде решение. Самата Бугарија нема право да донесува такви одлуки, информира Караџов.

Министерот во оставка додал дека ќе иницира барања за отворање прозорци на границите до своите колеги во Србија и Северна Македонија, но изрази загриженост дека таквата опција тешко ќе се постигне, бидејќи правото на штрајк е нешто што локалните самоуправи тешко можат да го заобиколат без да ја ескалираат ситуацијата.

„Никој не сака ескалација на односите, туку се бара деескалација“, рекол тој.

Слични содржини