Како Бесим Шерифи со години го избегнувал апсењето за три убиства во Северна Македонија

По речиси две децении во бегство, денеска е уапсен 52-годишниот Бесим Шерифи, главниот осомничен за тројното убиство на членови на семејството Јусуфи во селото Копаница, во близина на Скопје.

од desk4
77 прегледи Фото: МВР

Убиството се случило на 5 октомври 2007 година.

Според информациите, Шерифи подолг период се криел користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово. Тој бил лоциран и уапсен во реонот на Ликенит и Тхатë (Сувото Езеро) во Тирана.

Првичните информации за неговото присуство во Тирана биле добиени уште во ноември 2025 година, кога полицијата по оперативен пат дознала дека лице евидентирано за убиство престојува во стан во таа населба.

По утврдувањето на неговиот идентитет, албанските власти побарале податоци од надлежните институции во Северна Македонија, при што било констатирано дека станува збор за лице по кое се трага на меѓународно ниво, пренесува Albeu.com.

За време на полициската интервенција во станот што го изнајмувал, Шерифи им рекол на полицајците дека не е лицето кое го бараат, дека не извршил никакво убиство и дека е државјанин на Косово. Сепак, според изворите, проверката на отпечатоците од прсти потврдила дека станува збор токму за Бесим Шерифи.

Тројното убиство за кое се товари се случило во 2007 година во селото Копаница, во Скопје, каде биле убиени три лица. За Шерифи судот претходно изрекол мерка притвор во отсуство, а согласно кривичното законодавство на Северна Македонија, за ова кривично дело е предвидена казна доживотен затвор.