МНР: Жалиме што Бугарија се позиционира како рецензент, а не како партнер во дијалогот

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија реагираше на денешното соопштение објавено од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, изразувајќи жалење што оваа институција, како што наведуваат, сè почесто се поставува во улога на рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог.

од desk4
24 прегледи Фото: Фејсбук/Македонска архитектура

Од Министерството нагласуваат дека Република Северна Македонија ниту има намера, ниту потреба да биде дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија, ниту преку коментари и интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи.

Во реакцијата се упатува повик до бугарските институции да се водат од принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација, кои, како што се наведува, претставуваат темелни европски вредности и стандарди.

„Европа се гради со доверба и резултати, а не со етикетирања и политички квалификации“, се вели во соопштението.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија порачуваат дека земјата и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности.