Сибиха истакна дека во разговорите со Русија е забележлива квалитативна промена, при што, како што рече, руските претставници повеќе не држат „псевдоисториски предавања“.
Тој појасни дека документот од 20 точки, кој е во срцето на мировниот процес, е билатерален договор.
„Доколку зборуваме исклучиво за рамката од 20 точки, станува збор за билатерален документ што ќе го потпишат САД и Украина. Со Русија, пак, договорот ќе го потпишат САД. Тоа е структурата за која моментално се разговара, но преговорите сè уште траат и процесот е во тек“, изјави Сибиха.
Говорејќи за улогата на Европа, украинскиот министер нагласи дека европските земји се вклучени во мировниот процес, особено преку договорите за безбедносни гаранции. Според него, клучно е да се користи терминот „безбедносни гаранции“, а не „увирувања“ или слични формулации.
Сибиха потенцираше дека тие гаранции мора да бидат правно обврзувачки и дека е неопходна согласност за нивна ратификација, вклучително и ратификација во американскиот Конгрес.
Претходно, Сибиха изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен лично да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин со цел решавање на две клучни прашања во мировните преговори.