Наставник натепал ученик во училишна сала

Таткото пријавил дека неговиот син бил физички нападнат

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/ТВ 21

На 26 јануари 2026 година во 15:30 часот, во СВР Скопје, С.С. (36) од селото Сарај, скопско, пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник.

Според пријавата, инцидентот се случил околу 12:40 часот во спортската сала на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, каде што, наводно, детето било нападнато од А.П. (48) од Скопје, кој е наставник во училиштето.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.