Муцунски и Кос разговарале за економските предизвици и европскиот пат на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил телефонски разговор со еврокомесарката за проширување и соседска политика Марта Кос, при што биле разгледани актуелните економски предизвици и напредокот на земјава во евроинтегративниот процес.

од desk4
19 прегледи

Како што соопшти Министерство за надворешни работи, соговорниците размениле мислења за можностите за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за проблемите со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик. Муцунски ја нагласил потребата од навремена и координирана реакција за да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија.

Во делот на европската агенда, министерот ја потврдил јасната посветеност на Владата кон реформскиот процес, обезбедување континуитет во неговото спроведување и усвојување на законите што произлегуваат од обврските на патот кон членство во Европската Унија.

Во меѓувреме, од здружението Макам-транс информираа дека вечерва од 20 часот ќе бидат повлечени блокадите на товарниот сообраќај на граничните премини. Блокадите започнаа во понеделникот, со барање до Европска Унија за измена на правилата за електронска евиденција на престојот на превозниците во земјите од Шенген-зоната.

Слични содржини