Ивановска за новите членови на одбори: Повторно избор од тефтерчето, се случува чистка

„Од каде јавноста ќе знае дали ги исполнуваат условите без транспарентно да се каже кој се е предложен“, прашува Ивановска за 117-те „имиња“ во управните и надзорни одбори во јавните претпријатија

од Nikola Popovski
37 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Вчерашниот избор на новите членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија под капата на Град Скопје, го коментираше и поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска. Според неа, повторно се случува „избор од тефтерчето“.

Ивановска посочува дека, и покрај јасните законски одредби кои треба да обезбедат транспарентност и стручност, праксата останува иста – политичката волја е единствениот и одлучувачки фактор.

„Бидејќи праксата покажува дека ченовите на УО и НО се исклучиво партиски…при промена на власта се создава лоша состојба на чистка по принципот – ИЛИ СИ ОД НАША ИЛИ НЕ“.

Никој не прашува за стручност професионалност и одговорност… Но колку да се знае и за вакви состобји ..Законот предвидува “Доколку основачот ги разреши сите членови на УО, до именување на нови може да назначи ВД кои ГИ ИСПОЛНУВААТ ЗАКОНСКИТЕ УСЛОВИ со мандат од 3 месеци без можност за продолжување.

ПРАШАЊЕ: ОД КАДЕ ЈАВНОСТА ЌЕ ЗНАЕ ДАЛИ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНО ДА СЕ КАЖЕ КОЈ СЕ Е ПРЕДЛОЖЕН???“, стои во објавата на Ивановска.

Советот на Град Скопје на вчерашната седница именуваше 117 вршители на должност членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија и установи. Одлуката беше донесена по бурна расправа, бидејќи советниците гласаа без да имаат увид во професионалната подготвеност и образованието на кандидатите.